X
 05.12.2025 Живот

Што се читаше најмногу на „Википедија“ во 2025 година

„Википедија“ ја објави својата нова листа на најчитани статии за годината. Во текот на 2025 година, луѓето поминале околу 2,4 милијарди часови читајќи статии на англиската верзија на најголемата онлајненциклопедија, а најпопуларната статија била онаа посветена на Чарли Кирк.

Статијата за американскиот конзервативен активист, за кој се пишуваше ширум светот откако беше застрелан на универзитетски кампус на 10 септември, забележа речиси 45 милиони прегледи.

Ден по неговата смрт, страницата на Кирк на „Википедија“ била прегледана 15 милиони пати, во просек повеќе од 170 пати во секунда. Повеќе од 40 отсто од прегледите доаѓале надвор од САД, покажуваат податоците на фондацијата „Викимедија“.

Втората најчитана статија редовно се наоѓа на годишната листа на Википедија: „Смртни случаи во 2025“, односно списокот на истакнати личности кои починале во тековната година, со 42,5 милиони прегледи. Листата на починати за 2024 година инаку беше најчитана минатата година.

Страницата за серискиот убиец Ед Гин се најде на третото место, поттикната од интересот за „Чудовиште“, антологиската серија на „Нетфликс“ за вистински злосторства, чија трета сезона се фокусира на американскиот убиец познат како „Касапот од Плејнфилд“.

Статијата за Доналд Трамп се најде на четвртото место со 25,1 милиони прегледи, што е негово осмо појавување на годишната листа, додека страницата за папата Лав XIV, првиот папа роден во САД, ги заокружи првите пет.

Во првите десет се најдоа и новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, како и Ози Озборн, кој почина годинава.

„Википедија“ веќе не е главен извор на знаење на интернет: Вештачката интелигенција влијаеше врз бројот на посети на онлајн енциклопедијата.

Најчитани страници на „Википедија“ за 2025 година

Чарли Кирк - 44,9 милиони прегледи
Смртни случаи во 2025 - 42,5 милиони прегледи
Ед Гин - 31,2 милиони прегледи
Доналд Трамп - 25,1 милион прегледи
Папа Лав XIV - 22,1 милион прегледи
Илон Маск - 20,2 милиони прегледи
Зохран Мамдани – 20,1 милион прегледи
„Грешници“ (филм, 2025) - 18,2 милиони прегледи
Ози Озборн – 17,8 милиони прегледи
„Супермен“ (филм, 2025) - 17 милиони прегледи
Папа Франциск – 15,3 милиони прегледи
„Северанс“ (серија) – 13,9 милиони прегледи
Соединетите Американски Држави - 13 милиони прегледи
„Тандерболти“ (филм, 2025) - 12,9 милиони прегледи
„Оружје“ (филм, 2025) - 11,8 милиони прегледи
Џеј Ди Венс - 11,6 милиони прегледи
„Адолесценција“ (серија) – 11,6 милиони прегледи
„Мистер Бист“ - 11,5 милиони прегледи
Кристијано Роналдо - 10,8 милиони
„Фантастична 4: Први чекори“ (филм, 2025) - 10,8 милиони

Извор: Euronews.rs
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот