X
 04.09.2020 Живот

Ричард Бренсон смета дека секој треба да ја прочита оваа книга

Надежта не е лотарија, па да си седите на каучот чувствувајќи дека имате среќа. Надежта е секира со која ги кршите вратите во итен случај - напиша есеистката Ребека Солнит во 2004 година. Во 2020 година овој цитат изгледа поважен од кога било.

Опколени со вирус и економските тешкотии што ги предизвика, како и климатските промени со кои се соочуваат земјите, тешко е да не се чувствуваме исцрпени. Единственото нешто што може да ни даде енергија да им се спротивставиме на овие ужаси е надежта дека можеме да ги надминеме. Каде да ја најдеме таа надеж?

Ричард Бренсон има предлог во форма на препорака за книга.

Потребна ни е доза на оптимизам

Како и сите негови колеги, и основачот на „Вирџин“ е љубител на книгите. За да ја сподели оваа љубов, Бренсон неодамна почна соработка со компанијата „Литератир“ за да води читачки клуб. Секој месец претплатниците ќе добиваат по еден наслов што му влијаел на Бренсон, како и пристап до апликација преку која тој ќе образложи зошто токму таа книга му се допаднала. Проектот почнува во октомври, но Бренсон ексклузивно го сподели својот прв избор пред самиот почеток.

„Патот на Мандела“ од поранешниот уредник на „Тајмс“, Ричард Стенгел, презентира 15 основни животни лекции базирани на тригодишните разговори што ги водел со јужноафриканскиот лидер додека работел на неговата биографија.

brenson

Бренсон, кој имал можност да работи со Мандела, објаснува дека 2020 година е совршена година исполнета со оптимизам.

- Ги видов човечката страна на Мандела и неговиот радосен карактер. Неговиот оптимизам е огромен. Бидејќи светот поминува низ период на огромна независност, сметам дека сите треба да го делиме чувството на надеж и оптимизам на Мандела - објаснува Бренсон.

Како што вели Бренсон, книгата длабоко ги обликувала неговите погледи како лидер.

- Прво ја избрав оваа книга бидејќи сметам дека приказната на Мандела е неверојатно инспиративна и сакав да дознам нешто повеќе. Тој редефинира што значи да се биде голем водач. Го научи светот за моќта на простувањето и важноста сите да се третираат еднакво - пишува Бренсон.

Особено е корисно за луѓето што се претприемачи и се обидуваат позитивно да влијаат врз светот.

- Читањето за животот на Мандела ќе направи да сфатите дека целта е секогаш поголема од вас и дека „невозможно“ е само збор. Никогаш не сметав дека бизнисот е различна категорија - лекциите што ги учиш во твојата кариера можат да ти помогнат во други области и обратно - вели тој.

Значи, ако во животот ви недостига надеж и ви е потребна доза на инспирација за да продолжите, прифатете го советот на Бренсон и прочитајте ја оваа книга.

Извор: Inc.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот