X
 06.01.2015 Економија

Откривање на тајните на милијардерите

Пол Карик Брансон е успешен бизнисмен и водител на емисијата „Ментор мондеј“. Тој ја напишал книгата „Комплицирано е (но не мора да биде“. Има соработувано со Опра Винфри и Енвер Јусел, со што дознал како функционираат милијардерите и токму поради тоа ги открива нивните тајни.

„Енвер и Опра се неверојатни личности. И двајцата се милијардери; и двајцата се целосно различни - работат во други индустрии, имаат различно семејство, различни религии и зборуваат различен јазик. Но и двајцата поседуваат исти навики важни за успех“, вели Брансон.

„Чест ми е со вас да го споделам она што го научив од нив“, додава тој.

Вложете во себе

Ова е доста едноставен концепт. И двајцата многу време поминале работејќи на себеси. Во моментот кога ќе престанете да вложувате во себе, престанува и вашето напредување.

Бидете љубопитни

Обичните луѓе не ги интересираат многу работи. Милијардерите се неверојатно љубопитни - она што другите го сметаат за проблем и за што се жалат, милијардерите го земаат во свои раце и го решаваат.

Дружете се со подобри луѓе

Се надевам дека токму поради ова тие ме држеа покрај себе. Многу пати си помислив дека тие околу себе го имаат тимот од соништата.

Никогаш не јадете сами

Последниот пат кога ручав со Опра и Енвер, со нас на масата беа уште 15 луѓе. Тоа не е случајно. Повеќето од нас клучните информации ги добиваат од блоговите и од весниците, а моќните играчи ги добиваат директно од изворот. Секако, не можете секогаш да јадете со важни личности, но важно е никогаш да не јадете сами.

Преземете одговорност за вашата загуба

Работев и за едниот и за другиот и во моментите кога паднале во криза. И двата ја презедоа одговорноста. Истапија и рекоја: „Тоа е мое и јас ќе го поправам“. И нормално, го поправија.

Разберете која е вашата сила

Ова за мене беше шок. Оддалеку милијардерите изгледаат како експерти во се`. Но тие всушност се само вешти во неколку области - никој не знае се`. Тие го прават она во што се најдобри, а на другите професионалци им ги препуштаат другите работи.

Не земајте слободни денови


Поточно, немојте психички да се оддалечувате од работата. Постојано мислете на неа, планирајте. Јас отидов на патување со Енвер, кое требаше да биде одмор. Навистина, се забавувавме и се одморивме,  но  долго време зборувавме за работата.

Концентрирајте се на односот искуство и материјално поседување

Кога имате пари, вашите играчки се големи. Но голем дел од парите кои тие двата ги трошеа одеа на основни потреби, иако луѓето мислат дека милијардерите трошат на автомобили, накит и облека како што се прави на филмовите.

Преземајте поголеми ризици


Ова е важна навика за успешните претприемачи. Винфри и Енвер секогаш го ризикуваа и она што најмногу им вреди (името и наследството). Доколку не преземате ризици, нема да успеете.

Не се обидувајте ништо сами

Ништо исклучително нема да постигнете сами. Успехот во работата не зависи само од вас. Опкружете се со одлични луѓе. Преку тимската работа се постигнува успех.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија