X
 09.08.2016 Економија

Венецуела - најдобрата дефиниција за економско лудило

венецуела

 

Заборавете се' што знаете за економската криза во Венецуела. Граѓаните се'уште чекаат во редови за храна, тоалетна хартија и основни лекови. Инфлацијата е висока исто како нивото на насилство.


Но, Венецуела беше на ова место и претходно. Народот може да троши премногу, особено кога побарувачката е висока, а со најголемите нафтени резервати во светот, нивната способност да трошат е лимитирана со една брзина со експлоатација на нафтата и цената на барелот на пазарот. Денес, Венецуела е близу до потрошување на нафтеното богатство.

Во минатото, популистичките политичари ветуваа економски чуда, а кога ќе дојдеа на власт, ги користеа парите од нафтата за да останат во администрација. После секој неуспешен експеримент, политиката ветуваше друг експеримент. Така настанал чавизмот. Но, тој беше само еден од експериментите извршени во текот на годините.  

Постојат неколку примери, како на пример корумпираната диктатура на Хименез од 50-тите години на минатиот век или администрацијата на Перез од 70-тите години. После нив следуваше Хуго Чавез ветувајќи социјализам во 21-от век. Така Венецуела од 1999 до 2014 година потроши 1.3 трилиони долари.

Граѓаните на Венецуела продолжуваат да гласаат за популистите верувајќи дека нафтата треба да има висока цена бидејќи кога цената ќе ѝ падне, нема да им остане ништо. Ваквата политика доведува до уништување на богатството од нафтата, која кога ќе се потроши, популистите се задолжуваат и ја јадат суштината на земјата. Ваквата ситуација во 1989 година довела до голема побуна во која загинале 300 луѓе во Караказ. Денес ситуацијата е слична.

За разлика од Норвешка, Катар, Чиле и Аљаска, Венецуела нема свест за минливоста на нафтата и потребата за инвестирање во нови вредности. Само промена на свеста може да ја спаси Венецуела од повторување на истите грешки - во спротивно таа ќе биде најдобрата дефиниција за економско лудило.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија