X
 06.01.2021 Живот

Фотографии покажуваат како се славеше Новата година пред, а како за време на пандемијата

Иако имаше одбројување и настапи во живо, новогодишната прослава низ целиот свет беше радикално поинаква оваа година, со оглед на тоа што луѓето не беа на традиционалните места за забава, како Тајмс сквер во Њујорк и Елисејските полиња во Париз.

Вирусот што толку многу ја промени 2020 година доведе до откажувања на повеќето огномети и јавни настани, кои беа заменети со настапи само за ТВ во градовите низ светот.

„Асошиејтед прес“ успеа да направи фотографии од тоа како некогаш се славело и како се славеше Новата година сега низ целиот свет за да го илустрира неверојатниот контраст помеѓу преполната, весела толпа во текот на претходните години и тивките, празни улици во 2021 година.

Во Јужна Кореја, градските власти на Сеул ја откажаа годишната церемонија на ѕвонење на ѕвончето на новогодишната ноќ првпат од почетокот на настанот во 1953 година, месеци по крајот на Корејската војна. Во Токио, светилиштето Маиџи Џингу Шинто, кое традиционално привлекува милиони луѓе секоја година за новогодишните празници, првпат по 74 години ги затвори вратите за новогодишната ноќ.


Отворете ја објавата на „Инстаграм“ за да ги погледнете сите фотографии.

Извор: Apimagesblog.com
Фото: AP/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот