X
 06.01.2022 Култура

Потекло на празничните обичаи: Кој прв напишал божиќна честитка?

Како и да ја дочекате Новата година, веројатно имате семеен ритуал од кој не отстапувате.

Без разлика дали се работи за подароци скриени во чорапи, пишување честитки или печење божиќни колачиња, секој обичај има свои оригинални корени кои се враќаат во далечното минато.

Има безброј новогодишни обичаи кои се составен дел од семејните прослави низ светот.

Иако празничните честитки постојат од памтивек, првата позната божиќна честитка е од британско потекло. Според Музејот на Викторија и Алберт, основачот на таа институција, Хенри Кол, ја испратил првата божиќна честитка, на која имало цртеж од семеен собир со зборовите: „Среќен Божиќ и среќна Нова година“ во 1843 година.

честитка
Фото: Freepik

Поставувањето и украсувањето новогодишни елки започнало во Германија во 16 век. Сепак, модерното дрво било популаризирано во Велика Британија во 40-тите години на 19 век, кога принцот Алберт, роден во Германија, ја изложил првата позната британска елка во замокот Виндзор.

Светилките за новогодишни елки се традиција која влече корени во Германија и датира од 17 век. Додека колегата на Томас Едисон, Едвард Хајберд Џонсон, е заслужен за измислувањето украсни светилки, традицијата на осветлување на новогодишни елки доаѓа од Германија, каде што се практикувала уште во 17 век. Меѓутоа, начинот на осветлување на елката во тоа време бил прилично небезбеден, бидејќи ефектот на осветлување се постигнувал со серија запалени свеќи на гранка.

svetilki
Фото: Freepik

Легендата вели дека божиќните чорапи потекнуваат од Турција и датираат од 4 век, од времето на свети Никола. Според легендата, свети Никола слушнал за маката на сиромавиот вдовец и неговите три ќерки и сакал да помогне. Влегол во куќата, ги видел испраните чорапи на девојките како се сушат покрај оган и ги наполнил со златници пред да си замине.

corapi
Фото: Freepik
 
Смешните празнични џемпери доаѓаат од Канада. Забавите со „грди божиќни џемпери“ првпат станале популарни во Ванкувер, Канада, на почетокот на овој век. САД го прифатиле концептот, проширувајќи го на трговците на мало кои специјализирале за изработка на таквата облека.

kolacinja
Фото: Freepik

Печењето божиќни колачиња е од европско потекло. Идејата е веројатно многу постара отколку што можеме да замислиме.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура