X
 06.04.2020 Здравје

Многу помалку заразени денеска, четворица си одат дома

Четворица оздравени пациенти од Ковид-19 денеска си одат дома, а во последните 24 часа регистрирани се 15 нови случаи, драстично помалку од вчера кога беа регистрирани 72 нови заразени. Новите заразени со коронавирус по градови се: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале 3 пациенти - жител на Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката без познати коморбидитети, и двајца тетовци на 69 и на 65 години.

- Од Клиниката за инфектологија и фебрилни состојби денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и се сметаат за оздравени - соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
Скопје - 239
Куманово - 121
Дебар - 49
Штип - 20
Прилеп - 33
Тетово - 29
Струга - 25
Велес - 10
Битола - 6
Охрид - 3
Кавадарци - 2
Гостивар - 4
Гевгелија - 4
Струмица - 2
Крива Паланка - 3
Радовиш - 4
Крушево - 2
Кочани - 14

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје