X
 06.05.2020 Живот

Милијарди луѓе може да се соочат со сахарски жештини за 50 години

Според нов климатски модел, една петтина од целата Земја може да биде жешка како Сахара до 2070 година.

Тоа би принудило околу 3 милијарди луѓе или да ги напуштат домовите или да се обидат да преживеат во пеколните температури. Ова е прилично страшно предвидување за човештвото - особено затоа што ќе наслика земјиште на кое нема да може да се одгледуваат основните производи на кои денес се потпираме.

Предвидувањето е базирано на сценарио во кое не само што човештвото не успева да одговори на климатските промени туку и продолжува да ги зголемува емисиите на стакленички гасови.

Студијата беше објавена во понеделникот и покажува како регионите на секој населен континент ќе станат целосно негостољубиви - особено околу Бразил, Северна Африка и Индија. Во меѓувреме, големи делови од Русија, Канада и Арктикот постепено ќе развијат умерена клима.

Како што во делови од светот се надминува прагот на температури во кои може да се живее, голем број климатски бегалци ќе треба да избегаат во северните и најјужните делови на светот во потрага по погостопримлива околина.

Тоа значи дека ако не се бориме против климатските промени на меѓународно ниво, речиси половина од луѓето на Земјата ќе треба да се преселат и да најдат нов дом во следните неколку децении.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот