X
 06.05.2021 Живот

Сопственик на фабрика го наградува со 100 евра секој работник што ќе прочита книга

Данило Дада, директор и косопственик на фабриката за градежни материјали „Ванончини“ во Бергамо, Италија, одлучил да ги награди своите работници што читаат книги.

Тој основал клуб за читање за работниците-ѕидари, а оние што ќе прочитаат книга ги наградува и им подарува ваучер од 100 евра.

Наградата се дуплира со следната прочитана книга.

Данило тврди дека дошол до оваа идеја бидејќи бил страстен читател уште од дете и дека на овој начин сакал да придонесе за културниот развој, но и за професионалниот напредок на своите вработени.

- Функционира и изненаден сум колку луѓе се заинтересирани. Ваучерот од 100 евра е симболичен поттик, делумно да ги покрие трошоците за купување на првата, а потоа да ги охрабри да ја купат и втората книга - вели тој.

Веста се прошири на сите социјални мрежи, а за клубот за читање на ѕидарите пишуваат и други италијански медиуми, кои го споредуваат примерот со поранешниот сопственик на познатата фабрика за производство на машини за пишување „Оливети“.

Имено, овој човек сонувал за фабрика што ќе биде по мерка на човекот, а која ќе се занимава не само со производство, туку и со општата благосостојба и културата на заедницата.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот