X
 06.06.2017 Наука

Островот кој ја промени науката

Индонезискиот остров Тернате, речиси целиот е прекриен со вулкан. Обвиткан во облаци изобилува со рамници и плажи, а во него има и еден град и пат околу целиот остров. 

Изгледа како незаборавна локација, но е карактеристичен и по еден од научните моменти „еурека“, кога еден научник ја креирал теоријата на еволуцијата преку природна селекција.

Кога 35-годишниот Алфред Расел Валас пристигнал на Тернате во јануари 1858 година, тој истражувал острови кои ги нарекувал Малај архипелаг речиси 4 години. Тој и неговите асистенти убиле илјадници видови, од орангутани, до птици и бубачки. Но, на неговата слава и дошол крајот, кога настапила колонизација.

Валас имал куќа опколена со овошни дрвја. Заболел од маларија. Му се обратил на Томас Мартус, интелектуалец кој велел дека природата ја одржува човечката популација на ниска бројка заради болести, глад, војна и несреќи и сметал дела слична логика може да се употреби и за животните. Валас при неговите истражувања се запрашувал зошто некои умираат, а некои видови живеат. А одговорот е дека најдобро подготвените најмногу се одржуваат во живот. Природната селекција е механизмот со кој видовите еволуираат и станале тоа што се.

Кога неговото писмо за сфатеното пристигнало во Англија, Чарлс Дарвин веќе работел на неговата теорија за еволуција според природна селекција речиси 20 години. Тој ги зел и идеите на Валас и креирал заедничка идеја од сето тоа, па ја завршил книгата „On the Origin of Species“. Да не го прекинел Валас во средината на неговото работење, Дарвин ќе продолжел и ќе напишал книга која можеби и никој немало да ја прочита. Со сите овие идеи, Дарвин ја објавил книгата во 1859 и го потресол светот на религијата, а и го обликувал научниот свет.

Валас продолжил со своите патувања. Во 1862 се вратил во Англија, со собрани 125.660 природни историски видови, вклучително и 83.000 видови бубачки. Во 1868 објавил мемоар од неговите патувања. Живеел до 90 години и никогаш не престанал да ја проширува и продолжува почитта која ја заслужил од неговиот колега Дарвин.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука