X
 06.07.2019 Живот

Која населба во Македонија е најблиску до море?

Кога ќе прашаме која населба во Македонија е најблиску до море, обично првата помисла ни е градот Гевгелија. Сепак, прецизните мерења на сателитските снимки од најнов датум покажуваат дека селото Сретеново во Општина Дојран всушност е најблиску до море, поточно до Егејското Море. Неговата оддалеченост до северниот брег на Солунскиот Залив изнесува точно 60,25 км.

Најјужниот дел во атарот на ова село е и најблиска точка на Македонија до некое море, со само 57,15 км. На незначително поголема оддалеченост е селото Селемлија во Општина Богданци со 60,8 км, потоа Стар Дојран со 61,6 км, па следуваат селото Богородица (Општина Гевгелија) со 62 км, селото Стојаково со 62,6 км, а дури потоа е Гевгелија со 63,5 км.

Интересно е што најмалата оддалеченост на Македонија од Јадранското Море е само малку поголема и изнесува 72,5 км. Најблиска населба до Јадранското Море е селото Спас (Општина Дебар) со 74,5 км, додека самиот град Дебар е оддалечен точно 78 км. Сепак, поради високите планини во правец на Јадранското Море, неговото климатско влијание е значително послабо отколку она на Егејското Море.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Извор: igeografija.mk


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот