X
 06.07.2020 Живот

Наградна игра за при-пејд корисници на А1 Македонија - Надополни и играј за iPhone SE 20

А1 Македонија продолжува со летните изненадувања, овој пат за своите при-пејд корисници, кои со секое надополнување на кредит на својата при-пејд сметка во периодот од 6 јули до 13 септември добиваат можност да учествуваат во наградната игра „Надополни и играј за iPhone SE 20”, со што стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20.

Наградната игра започнува денеска, a во десет неделни извлекувања ќе бидат доделени 20 смарфони iPhone SE 20, односно по два на секое извлекување. Еден циклус трае една седмица, односно започнува во понеделник и трае до недела на полноќ и сите што во тој период ќе надополнат кредит на својата при-пејд сметка влегуваат во неделните циклуси за извлекување смартфон. Корисниците на при-пејд услуги можат да надополнат кредит електронски, со хартиени ваучери, преку пост-пејд сметка на при-пејд сметка, преку банкомат или PayNet, но независно кој канал за надополнување ќе го изберат, со минимално надополнување од 100 денари стануваат учесници во наградната игра. Колку е поголем износот на надополнување на кредит на при-пејд сметката, толку се поголеми шансите за освојување награда. Еден денар претставува една можност во извлекувањето, со надополнување од 300 денари, корисникот се појавува 300 пати во извлекувањето.

Право на учество имаат сите лица над 18 години и кои користат еден од тарифните модели на при-пејд услугите на А1 Македонија. Сите корисници што ги исполнуваат условите за учество во наградната игра со секое надополнување стануваат потенцијални добитници и земаат учество во неделните извлекувања за iPhone SE 20.

Добитниците на iPhone SE 20 ќе уживаат во перформансите што ги нуди овој смартфон, па летните авантури ќе можат да ги забележат со камера од 12MP и видеа во 4K резолуција спакувани во и 64GB внатрешна меморија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот