X
 06.07.2023 Живот

Како да купите поевтини авионски билети?

Патувањето може да биде скапо, но со неколку едноставни совети можете да заштедите многу на авионските билети. Популарниот профил на „Тик-ток“ специјализиран за патување „Баџет травел“ сподели пет докажани совети кои ќе ви помогнат да најдете поевтини авионски билети.

Летовите се поевтини во вторник и во среда

Иако цените на авионските билети често се менуваат поради голем број фактори, постои општ тренд летовите да бидат поевтини во вторник и во среда. Во понеделник и во петок често може да очекувате малку повисоки цени.

Не купувајте авионски билети за време на викендите

Многу патници бараат и купуваат авионски билети за време на викендите, особено во петок, сабота и недела. Поради поголемата побарувачка, цените може да бидат повисоки.

Секогаш користете инкогнито режим и бришете ги колачињата

Кога барате авионски билети, веб-страниците често користат колачиња и информации за вашата историја на прелистување за да ги приспособат цените. За да ја избегнете оваа ситуација и да ги видите најдобрите цени, секогаш пребарувајте во инкогнито режим на вашиот прелистувач и редовно бришете ги колачињата пред повторно да пребарувате.

Користете ВПН 

Со апликација за ВПН може да ја смените вашата ИП-адреса и да се прикажувате како да сте од некоја друга земја, на пример, Индија. Цените за авионски билети се разликуваат до место до место.

Користете „Скајскенер“

Скајскенер“ е популарна онлајн платформа која ви овозможува да пребарувате и да споредувате цени на билети за летови од различни авиокомпании. Оваа платформа може да биде исклучително корисна за наоѓање на најдобрите зделки и ви овозможува да ги споредите цените на летовите на различни датуми за да ја најдете најдобрата опција.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот