X
 06.08.2022 Живот

Лидерите кои трчаат водат поуспешни фирми

Мрежата за научни трудови ССРН пред неколку години објавила научен труд во кој се заклучува дека компаниите чии лидери се маратонци имаат подобри резултати од другите. Научниците го заклучиле ова врз основа на 10-годишно истражување.

Според резултатите, лидерите кои трчаат рекретивно водат фирми кои се за 5 отсто повредни. Лидерите кои се маратонци, пак, водат компании кои се за 10 отсто повредни од другите компании.

Од почетокот на истражувањето било забележано зголемување на вработените лица кои трчаат. Бројот на лидери кои трчаат се зголемил од 4 на 7 отсто во периодот додека траело истражувањето.

Умерената физичка активност им одговара на лидерите кои имаат стрес на работното место, според истражувачите.

- Физичкото вежбање го ублажува стресот и ги зајакнува когнитивните функции како и професионалните резултати. Посебно важно за менаџерите на тешки, стресни позиции е да знаат дека за подобри резултати им требаат и тешки физички активности - напишале истражувачите.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот