X
 02.05.2022 Здравје

Експерт ги побива најчестите митови за трчањето

Има повеќе митови поврзани со трчањето. Според Кристијан Ален од компанијата за спортска опрема „Ранерс нид“, има некои митови што може да ги демотивираат луѓето да почнат да џогираат. Ова се најчестите.

Клучен е обликот на телото

Многу луѓе мислат дека треба да имате одреден облик на телото, најчесто да бидете слаби, за да трчате, но ова не е точно, вели Ален.

- Луѓето што трчаат доаѓаат во сите облици и големини, тоа е спорт за секого. Можеби изгледа застрашувачко кога почнувате, но нема ништо од што треба да се плашите и трчањето е многу инклузивно - вели Ален.

Трчањето е лошо за колената

Според Ален, голем мит е дека трчањето е лошо за колената. Впрочем, истражувања покажале дека редовното трчање може да ја одржува влажноста во зглобовите и да го стимулира телото да создава нова 'рскавица. Освен тоа, многумина што трчаат истовремено прават и вежби за да ги зајакнат зглобовите и мускулите, што дополнително ги заштитува колената.


Фото: Pixabay

Меѓутоа, Ален посочува дека треба да се трча правилно затоа што неправилното трчање може да им наштети на колената.

Не можете да го смените стилот на трчање

Многумина мислат дека стилот на трчање не може да се смени, но има повеќе фактори што влијаат врз начинот на кој трчате. Меѓу другото, врз тоа влијае интензивноста на вежбањето, можна промена на телесната тежина или бременост.

Извор: Metro
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје