X
 06.09.2025 Живот

Возачите на овој автомобил официјално прогласени за најлоши, потврдува истражување

Со години е дилема кои марки на автомобили најмногу привлекуваат возачи со лоши навики. Од возење по средна лента, престигнување или пребрзо возење, одредени марки на автомобили стекнаа репутација дека припаѓат на возачи со лоши манири во сообраќајот.

Во овие дискусии често се споменуваат германските марки на автомобили, а возачите на „Ауди“ често се означуваат како оние кои прават опасни потези. Но, иако таквите маневри можат да бидат ризични, понекогаш токму ситниците најдобро откриваат кој е лош возач. На врвот на тој список е и некористењето на трепкачот (жмигавецот).

Платформата „DiscoverCars.com“ спровела истражување во кое биле анализирани речиси 1.500 автомобили и однесувањето на нивните возачи на раскрсници. Автомобилите биле поделени според бренд за да се утврди кои возачи најчесто забораваат да вклучат трепкач.

На врвот на листата се најде „Бе-ем-ве“. Германскиот производител одамна има репутација дека за него се одлучуваат возачи склони на ризични потези, а тоа уште еднаш беше потврдено - дури 19,3 отсто од возачите на „Бе-ем-ве“ не користеле трепкачи.

Истражувањето покажало дека возачите на „Бе-ем-ве“ дури трипати поретко давале сигнал во споредба со возачите на „Пежо“, бренд кој се најде на 10. место. На 2. место, потврдувајќи ги стереотипите за германските автомобили, се најде „Мерцедес Бенц“ со 14,7 отсто возачи кои не го користеле жмигавец. На 3. место се најде „Рено“, чии возачи во 14,5 отсто од случаите заборавиле дека не се на рели. На 4. место се најде „Ауди“, со забележани 12,7 отсто прекршоци, а на 5. место „Вауксхол“, исто така со 12,7 отсто возачи кои не го користеле трепкачот.

Во продолжение на листата се најдоа „Фолксваген“, „Волво“, „Тоjота“, „Хонда“ и „Пежо“, со само 6,7 отсто возачи кои не користеле трепкач.

- Возачите на луксузни автомобили веќе имаат лоша репутација кога станува збор за однесувањето на патиштата, а нашето истражување покажа дека „Бе-ем-ве“, „Мерцедес-Бенц“ и „Ауди“ се меѓу првите пет марки на автомобили чии возачи најчесто не користат трепкачи. Речиси еден од пет возачи на „Бе-ем-ве“ кои ги набљудувавме не сигнализираше кога требаше - вели експертот за автомобили, Александар Буракс.

Кај останатите брендови на топ 10 листата, автомобилите на „Волво“, „Тојота“, „Хонда“ и „Пежо“ бележеле помалку од 8 отсто вакви случаи, што е значително помал процент. Сепак, дури и мал број возачи кои не го вклучуваат сигналот може сериозно да го наруши сообраќајот и да го направи возењето многу понапорно и похаотично отколку што треба да биде.

Извор: Nova.rs 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот