X
 06.09.2026 Живот

Една од ретките згради во Хирошима што ја преживеале нуклеарната катастрофа пред 81 година

Куполата на атомската бомба е името на зградата во Хирошима која претставува споменик на жртвите од бомбардирањето на овој јапонски град, на 6 август 1945 година. Од директниот удар на атомската бомба загинале околу 80.000 луѓе, 35.000 биле повредени, а се претпоставува дека вкупно 200.000 луѓе починале од последиците на радијацијата.

Повеќето згради биле уништени во радиус од 5 километри од местото каде што била детонирана бомбата. Куполата на атомската бомба е една од ретките што го издржале ударот.

Куполата на атомската бомба била изградена во 1915 година според замислата на чешкиот архитект Јан Лецел. На почетокот служела како фабрика за воена облека, подоцна била претворена во студентски дом, а по експлозијата на атомската бомба, привремено била користена како болница за згрижување на настраданите.

kupola
Фото: Wikipedia

Јапонските власти не сакале да ја обноват, туку ја претвориле во Споменик на мирот, односно ја вклучиле во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима, кој веќе 80 години сведочи за оваа огромна трагедија.

Куполата на атомската бомба не е конструктивно безбедна за посетителите да можат да влезат и да ја разгледуваат однатре. Сепак, може да се види однадвор, од пешачката патека покрај реката Мотoјасу.

Бујното зеленило на околните тревници и дрвјата претставува силен контраст со остатоците од зградата и служи како уште еден потсетник на трагедијата што се случила пред 80 години.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот