X
 30.05.2022 Живот

Овој научник случајно убил најголем број луѓе во историјата на светот

Неговото име е Клер Патерсон, а во 1944 година, како млад научник, се приклучил на проектот Менхетн, тим кој ја направил првата атомска бомба во светот. Патерсон бил многу талентиран научник кој дипломирал за само девет месеци. Неговата задача била да ги издвои изотопите, атомите и соодветниот број неутрони во ураниум-238 и ураниум-235. Така, овој научник создал пронајдок кој случајно предизвикал смрт кај милиони луѓе.

Кога во 1945 година се случило бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, Патерсон се згрозил и одлучил да се посвети на цивилниот живот, па се запишал на докторски студии.

Темата на неговиот докторат била да утврди колку е стара Земјата, што на крај и успеал. Исто така, се занимавал со олово бидејќи открил дека многу лаборатории се контаминирани со отровно и опасно олово. Освен тоа, за возење автомобили во тоа време се користел и оловниот бензин, што предизвикувал „лудило“, мачнина и тресење кај луѓето, се вели во написите во весниците од тоа време.

Петерсон го поминал поголемиот дел од своето време на својот докторат обидувајќи се да открие како да го спречи ослободувањето на олово во лабораториите со цел да создаде безбедна работна средина за себе и за другите колеги научници.


Извор: b92.net
Фото: Archives, California Institute of Technology
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот