X
 16.09.2020 Живот

Згради за зелено домување во Кина напуштени поради комарци

Еден експериментален проект за зелено домување во Ченгду, Кина, ветувал прекрасен живот во „вертикална шума“ со негувани градини на секој балкон. Сите 826 стана биле продадени до април годинава, но зградите се напуштени. Проблемот? И комарците ги сакаат растенијата.

Во зградите се вселиле само 10 семејства, според локалните медиуми. Проектот бил завршен во 2018, а тој предвидувал градина на секој балкон. Меѓутоа, зградите сега се напуштени и од балконите висат растенија кои се полни со комарци.


Извор: barrons.com
Насловна фотографија: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот