X
 06.10.2018 Забава

Цел свет реагира на додатокот на чевелот на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, при неодамнешната посета на Минеаполис, Минесота, имаше мала незгода која предизвика многубројни реакции низ целиот свет.

Имено, при влегувањето во авион камерите забележале дека Трамп влече некоја бела хартија што му се закачила на чевелот. Иако не е јасно за што точно станува збор и дали тоа е салфета или тоалетна хартија, јасно е зошто оваа сцена им стана забава на многу луѓе, особено на оние што не го поддржуваат Трамп.

Веднаш штом се појави снимката, почнаа да кружат разни смешни теории за тоа како всушност дошло до ваквата ситуација.

- Ова што изгледа како тоалетна хартија всушност е душата на Трамп која се обидува да побегне од неговото тело - пишува едно момче.

Друг, пак, коментира: Сите ние во суштина сме тоа парче тоалетна хартија.

Сепак, повеќето се прашуваат како е можно никој да не му кажал дека на чевелот му се закачила хартија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава