X
 11.02.2025 Технологија

Закерберг оди по стапките на Трамп: „Мета“ отпушта илјадници работници

„Мета“ ќе отпушти илјадници работници откако сопствениците го критикуваа големиот број непродуктивни работници во редовите на компанијата. Една од причините е најавената голема финансиска инвестиција во вештачката интелигенција, која ги направи луѓето технолошки вишок.

Работниците од Азија, Европа и од САД почнаа да добиваат известувања дека наскоро ќе бидат отпуштени. Компанијата соопшти дека ќе отпушти околу 5 отсто од својата работна сила, што значи дека речиси 4.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места.

Извршниот директор Марк Закерберг им кажа на вработените дека фирмата ќе ги подигне стандардите и ќе ги отпушти оние што не работат. Ова е актуелна практика меѓу големите технолошки компании кои имаат вишок работна сила, по масовните вработувања за време на пандемијата на ковид-19.

Сега истото го прават „Мајкрософт“, „Амазон“, „Сејлсфорс“ итн.

Извор: 24sata.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија