X
 06.10.2025 Живот

Прогласени добитниците на Нобеловата награда за медицина за 2025

Добитници на Нобелова награда за физиологија или медицина годинава се Мери Бранкоу (САД), Фред Рамсдел (САД) и Шимон Сакагучи (Јапонија) за нивните откритија за периферната имунолошка толеранција, соопштија од Нобеловото собрание при Институтот „Каролинска“.

- Моќниот имунолошки систем на телото мора да се регулира или може да ги нападне сопствените органи. Бранкоу, Рамсдел и Сакагучи се наградени со Нобелова награда за нивните револуционерни откритија за периферната имунолошка толеранција, што го спречува имунолошкиот систем да го повреди телото - стои во соопштението.

Во него се додава дека откритијата на овие тројца научници биле клучни за разбирање на функциите на имунолошкиот систем и зошто сите не развиваме сериозни автоимуни болести.

Наградата за тројцата лауреати е 11 милиони шведски круни, што е околу 1 милион евра, кои ќе им бидат еднакво поделени.

Извор: nobelprize.org
Фото: The Nobel Prize (X)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот