X
 06.10.2025 Живот

Работник од Чиле по грешка добил 150.000 евра од работодавецот: судот му дозволи да ги задржи

Работник од Чиле, кој по грешка добил плата 330 пати поголема од договорената, ја добил правната битка и смее да го задржи целиот износ. Иако поднел оставка по три дена откако огромната сума му била префрлена на сметката, судот пресудил во негова корист.

Во 2022 година вработен во прехранбената компанија „Дан консорцио индустриал де алиментос де чиле“ добил плата од околу 150.000 евра, иако неговата редовна месечна плата изнесувала околу 450 евра. Првично, работникот ветил дека ќе ги врати парите, но само три дена подоцна дал отказ и исчезнал.

Компанијата успеала да го пронајде и побарала да ѝ ги врати парите, што довело до тригoдишна судска постапка. На крај, судијата во Сантијаго пресудил дека не станува збор за кражба, туку за „недозволено задржување пари“, што според тамошниот закон не претставува кривично дело. Поради тоа, судот не можел да го казни.

Иако сега работникот може слободно да располага со парите, приказната сè уште не е завршена. Неговите поранешни работодавци се решени да си ги вратат средствата, без оглед на судската одлука.

- Ќе преземеме сè што е можно од правен аспект, особено барање за поништување на пресудата, за таа повторно да се разгледа - велат поранешните работодавци на работникот.

Извор: LADbible 
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот