X
 06.10.2025 Живот

Вештачката интелигенција како режисер и актер: Се создава филм во режија на ВИ, а и актерите се ВИ

Идејата за користење на вештачката интелигенција во индустрија која се смета за уметничка и креативна не им се допаѓа на сите. Додека сите го поздравија користењето на ВИ за специјални ефекти и доработка на снимки, кога ВИ почна да ги менува гласот и физичкиот изглед на актерите, тоа беше капката што ја прелеа чашата.

Многу актери веќе јасно се спротивставија и рекоа дека не сакаат нивниот лик и дело да се користат за обука на ВИ, ниту да се создаваат нивни ВИ верзии.

Од друга страна, најавата за целосно ВИ актерка, Тили Норвуд, предизвика многубројни критики, како од самите актери така и од целата филмска индустрија. Но тоа не го спречи италијанскиот филмски продуцент Андреа Јерволино да ја реализира својата намера.

Јерволино планира да направи филм кој целосно ќе го режира ВИ. Филмот наречен „Слатка летаргија“ е целосно режиран од вештачката интелигенција во улога на режисер наречен „Фелини АИ“ создаден да „го слави поетскиот јазик на големата европска кинематографија.

„Фелини АИ“ е производ на компанијата за вештачка интелигенција „Андреа Јерволино“, иако Јерволино дејствува како продуцент и надзорник кој го следи развојот на технологијата.

Филмот „Слатка летаргија“ го замислува идниот свет во кој само еден процент од човештвото сè уште работи, а трудот станал симболички ритуал. Другите луѓе живеат во слобода и забава која им ја обезбедуваат машините.

Актерската екипа е обезбедена преку „Јерволино актор+“, агенција на Јерволино која соработува со вистински актери за да создаде дигитални верзии кои „Фелини ВИ“ може да ги користи во филмот.

 

Досега е објавена само кратка најавa, а според неа, филмот се очекува да излезе во февруари 2026 година.

Јерволино вели дека ова е ново поглавје во историјата на филмот, но не планира да го замени традиционалниот филм. Негова цел е да го обедини човечкото чувство со креативната моќ на ВИ за да раскаже приказни кои никој досега не ги замислил.

Многумина се сомневаат во уметничката вредност на делата создадени од вештачката интелигенција, но сè повеќе компании одат во таа насока.

На пример, неодамна „Опен АИ“ објави дека се здружил со продукциски куќи во Лондон и Лос Анџелес за да создаде долгометражен анимиран филм кој е сниман претежно со помош на ВИ.

Не треба да се заборави ни дека годинава „Оскарот“ за најдобар анимиран филм го доби филмот „Поплава“, кој е целосно создаден со ВИ. Се чини дека ерата на филмовите создадени од вештачка интелигенција само што не почнала.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот