X
 26.01.2023 Образование

ChatGPT помина приемен испит на факултет за бизнис

ChatGPT многу брзо стана светски популарен, по неговото излегување на 30 ноември. Тој може да поедностави комплицирани научни концепти, да пишува поезија или раскази, програми, па дури и да создава штетни компјутерски вируси. Го користат научници, бизнисмени, но и студенти за завршување на факултетските задачи. А се чини дека е способен и за полагање испити.

Кристијан Тервиш, професор на бизнис-школата „Вартон“ при Универзитетот на Пенсилванија, го тестирал ChatGPT со приемен испит за магистерската програма за бизнис-администрација на факултетот. ChatGPT полагал испит за менаџмент на операции, кој е основен предмет во студиската програма.

Врз основа на тестот, професорот оценил дека одговорите се точни и тој понудил одлучни објаснувања. ChatGPT направил грешки во релативно едноставни математички пресметки. Сепак, тој го положил испитот со оценка Б, што е втора најдобра оценка по А.

Професорот го тестирал и во осмислувањето прашања за испити и открил дека тој може да составува доволно добри прашања за испит, но тие не се совршени.

Тервиш го споредил ефектот на калкулаторот со можното влијание на софтверот врз академскиот свет. На сличен начин на кој калкулаторот заменил многу вработени кои решавале математички задачи, автоматизацијата на вештините кои се учат на програмите за бизнис-администрација може да ја намали вредноста на ова образование, според него.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование