X
 06.12.2018 Живот

Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји


Македонскиот пасош се наоѓа на 36. место на листата со пасоши со кои најлесно се патува, направена од интернет-страницата The Passport Index, и со него може да се влезе во 118 земји.

Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

Од земјите во регионот пасош со кој најлесно се патува има Грција, која е на петто место, Словенија е на седмото место, Бугарија е на 10. место, Хрватска на 11., по неа е Србија на 31. место, Црна Гора на 38., Босна и Херцеговина на 40., Албанија на 43. место, а најслабо рангирано е Косово - на 81. место.

На врвот на листата се наоѓа пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош може да се влезе без никакви проблеми во дури 167 земји, односно има пристап во 84 отсто од светот.

„The Passport Index“ ги зема предвид пасошите од 193 земји и шест региони што се членки на ОН. Први на листата се патните исправи од земјите со кои може да се влезе во други држави без виза и посебни барања

Фото: МИА

ОАЕ го достигнаа врвот во рекорден рок. Првпат се забележани на листата во декември 2016 година (на 27. место) и за две години се искачија на прво место.

Топ-10 земји се Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, како и Холандија, со чии пасоши може да се патува во 165, односно 166 земји.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот