X
 17.05.2021 Живот

Се сметаше за најбезбедна земја во пандемијата, а сега воведува строги рестрикции

Сингапур беше прогласен за најбезбедна земја за време на пандемијата пред неколку недели. Тогаш имаше мала трансмисија на ковид-19 помеѓу жителите. Но островската град-држава сега ги заострува мерките за спречување на ширењето на ковид-19 поради раст на бројот на новозаразени лица со сојот Б1617.

Во државата имало 52 нови случаи на ковид-19 во петокот, а овој број е најголем од 30 јануари. Од овие случаи, 24 лица се заразиле во земјата, односно не се донесени однадвор. Дури 14 од нив не биле поврзани со друг случај.

Сингапур сега воведува мерки што ќе бидат во сила до 13 јуни. Меѓу другото, се забранува јадење во ресторани и се заоструваат мерките за запазување на оддалеченоста. Луѓето ќе може да се движат во јавност во групи од најмногу двајца, наместо осуммина како досега.


Фото: Сингапур/Pixabay

Работата од дома е задолжителна во сите компании во кои е возможно, а се забрануваат и венчавки или спортски тренинзи.

Сингапур се сметаше за успешна приказна во справувањето со пандемијата поради нискиот број на заразени лица, иако се појавиле повеќе кластери кон крајот на април. Сингапур немал полициски час или строг карантин од јуни минатата година, а оттогаш постепено ја отворал економијата.

Од почетокот на пандемијата во Сингапур биле забележани над 61.000 случаи и 31 смртен случај поврзани со ковид-19.

Автор: Шерил Те
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот