X
 07.01.2017 Живот

Не брзајте со венчавката!

Сите познаваме барем една двојка што се венчала после една недела познанство, а триесет години подоцна сè уште се во среќен брак. Но, не знаеме за стотици други слични примери, чија приказна завршила со развод. Експертот за врски, Индија Канг, вели дека следните шест знаци можат да покажат дека сте избрзале со венчавката.

1.    Дали запросувањето беше со прстен?

Без оглед на модерното време, Канг инсистира мажот да биде оној кој ќе запросува и тоа задолжително со прстен што сам по себе не е важен, но зборува за намерите.

2.    Дали им кажавте на семејството и пријателите за веридбата?


Во некои ситуации, на пример, кога се вклучени и деца, треба да се биде внимателен, но доколку ја криете веридбата, тоа може да биде и знак дека ни самите не сте сигурни во истата.

vencavka
Фото: Pixabay

3.    Дали заедно ги прославувавте родендените?


Не е најважно колку време сте поминале заедно, туку како сте го поминале, но битно е и родендените, Денот на вљубените или Божиќ да сте ги прославиле заедно барем еднаш, затоа што колку повеќе значајните настани сте ги споделиле со некого, толку поцврста е врската меѓу вас.

4.    Дали сте ја одложиле венчавката?


Некогаш постојат и оправдани причини за одложување, но доколку ви треба долго време за да го определите датумот, а откако ќе го направите тоа, барате изговори за поместување, можеби и навистина сè уште не сте подготвени за тоа.

5.    Дали и двајцата учествувате во подготовките?


Секогаш едната страна повеќе е ангажирана околу подготовките, додека другата се повлекува, но доколку вашиот партнер изгледа потполно исклучено, можеби се прашува дали ја донел вистинската одлука.

6.    Дали сте запознаени со финансиската ситуација?


Се вели дека не е пристојно да се ѕирка во туѓ паричник, но кога се работи за вашиот иден сопруг неопходно е да ги знаете неговите евентуални долгови, кредити па и примањата, за да можете да ја испланирате заедничката иднина.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот