X
 07.02.2020 Живот

Продажбата на електромобили во ЕУ лани се удвоила

Во Европската Унија лани биле продадени над 290.000 електрични автомобили, речиси двојно повеќе отколку во 2018 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (AЦEA).

Тоа значи поголема продажба за 93,8 отсто. Холандија со 67.695 продадени возила и Германија со 63.491 се водечки земји на европскиот пазар за електромобили.

Исто така, продажбата на хибридни автомобили се зголемила за 50 отсто, на 465.026 возила, додека продажбата на хибридни автомобили со полнење се зголемила за 13,9 отсто, на 174.103 возила.

Во меѓувреме, продажбата на дизел-возила падна за 13,9 отсто, на 4,65 милиони продадени автомобили.

Бензинските автомобили останаа најпопуларен вид возило во ЕУ, така што продажбата се зголеми за 5,2 отсто, на 8,96 милиони возила. Нивниот пазарен удел се зголеми за повеќе од 2 процентни поени, на 58,9 проценти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот