X
 07.05.2026 Живот

Северина, Иви Адаму и Кирил Џајковски: Музички мега-спектакл за отворањето на МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија

Гевгелија, 7 мај 2026 – Македонија добива нов регионален центар за пазарување и забава кој ветува целосна трансформација на јужниот дел од земјата. На 28 мај, со грандиозно четиридневно отворање, започнува со работа МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија, проект кој претставува стратешка инвестиција од 20.000 м² и носи повеќе од 50 светски и домашни брендови на едно место.

Отворањето на МЕГА Шопинг Парк ќе биде одбележано со музички спектакл каков што досега не е виден во овој дел од државата. Главната сцена ќе ја предводи неповторливата балканска ѕвезда Северина, чиј настап се очекува да ја разгори атмосферата на највисоко ниво. Покрај неа, гевгелискиот пулс ќе се засили со евровизиската сензација Иви Адаму, како и со виртуозот кој испиша историја на глобалните подиуми, маестралниот Кирил Џајковски. Музичката револуција ќе биде заокружена со настапите на најмоќните имиња на македонската сцена, вклучувајќи ги поп дивата Тамара Тодевска, фасцинантниот Никифор, миленикот на младите генерации Пајак и незаменливиот Слаткаристика. Музичката програма ќе биде дополнително збогатена и со настапи на голем број локални изведувачи, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера прилагодена на вкусот на сите возрасти.

1

„Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“, изјави генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис, посочувајќи дека Гевгелија преку овој проект престанува да биде само транзитна точка на патот кон Грција. Според Јанакудакис, суштината на овој потфат е во концептот „Total Experience“, кој покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведува и услуги што му недостасуваа на овој регион, како современ медицински центар, голем салон за мебел и најголемата станица за полнење електрични возила во државата.

Освен што носи нов квалитет во секојдневието на граѓаните, МЕГА Шопинг Парк е и силен мотор за локален развој. Со неговото отворање се обезбедуваат над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка набрзо да надмине 800, овозможувајќи им на стотици млади луѓе од регионот својата иднина да ја градат во родното место.
Како дел од модерното искуство за посетителите, МЕГА Шопинг Парк ја лансира и својата мобилна апликација, која ќе функционира како примарна платформа за лојалност. Преку неа, корисниците ќе можат да собираат поени за награди, да користат интерактивна мапа за ориентација низ објектот и да добиваат редовни известувања за претстојните настани и ексклузивни промоции.

2

Покрај официјалното отворање и музичката програма, четиридневниот спектакл ќе понуди и наменски креативни зони со забавни активности за најмладите, со што се заокружува визијата на МЕГА Шопинг Парк како дестинација за квалитетно поминато време за целото семејство.

Во продолжение ви го пренесуваме говорот на генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис.

- Почитувани претставници на медиумите, добар ден и добредојдовте.

Ми претставува големо задоволство што денес сме тука, во Гевгелија, за првпат одблизу да ви го претставам проектот на кој посветено работиме изминатиов период. Низ моето 16-годишно искуство во оваа индустрија на Балканот, научив дека суштината на секој голем потфат е во тоа колку реално успева да го подобри секојдневието на луѓето, а токму таа цел нè водеше и при создавањето на МЕГА Шопинг Парк.

3

Овој стратешки капацитет од 20.000 м² го изградивме со јасна намера, целосно да ја промениме улогата на овој регион. Свесни сме дека Гевгелија предолго беше само попатна, транзитна точка на патот кон Грција, но со МЕГА тоа конечно се менува. Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде.

4

За да го постигнеме тоа, се фокусиравме на концептот „Total Experience“, преку кој на едно место обединивме околу 50 светски и домашни брендови. Но, сакавме да понудиме многу повеќе од само вообичаено пазарење. Затоа, покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведуваме услуги што навистина му недостасуваа на овој дел од земјата, од современ медицински и козметички центар, па сè до еден од најголемите салони за мебел. Дополнително, овде ќе биде стационирана и најголемата станица за полнење електрични возила во државата. Посебно внимание посветивме на семејствата, па затоа целиот парк е осмислен како место каде што ќе можат квалитетно да го поминат целиот ден, уживајќи во специфичните гастрономски концепти и најмодерната детска зона дизајнирана за забава на најмладите.
Сепак, она што за мене ја дава вистинската вредност на овој проект не се само брендовите, туку новиот импулс што го носиме во заедницата. Со отворањето на МЕГА Шопинг Парк, Гевгелија добива над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка многу брзо да надмине 800. За нас, ова не се само статистички податоци, туку конкретна можност за стотици млади луѓе од овој крај својата кариера и својата иднина да почнат да ги градат токму тука, во својот роден град. Сакаме овој центар да биде силен мотор за локален развој и доказ дека Гевгелија има капацитет за големи нешта.

5

Денес ви претставивме само дел од таа визија. Во продолжение, ќе се задржиме на неколку клучни детали за нашата мобилна апликација, како и на забавната програма што ја подготвуваме за големиот спектакл на 28 мај.

Ви благодарам на вниманието. Продолжуваме со официјалниот дел, по што со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот