X
 07.06.2021 Живот

Oваа автобуска постојка го намалува загадувањето и ги убива вирусите

Овој дизајн во основа е гигантски прочистувач на воздухот и автобуска постојка во едно, па нуди можност за почисти и позелени градови.

КАПС 2.0 е паметна автобуска постојка што го филтрира загадениот воздух, го ослободува од алергените што се пренесуваат во воздухот, а за неколку секунди ги убива и вирусите и бактериите.

Дизајниран до „Чарис Ен-џи“ во соработка со „Сино Ино Лаб“ и „Аруп“, овој градски систем за прочистување на воздухот може брзо да се интегрира во нашето ново нормално. Докажано е дека го намалува загадувањето на половина, отстранувајќи 99,95 отсто од ПМ0.1 алергените во воздухот, а вирусите и бактериите ги убива за неколку секунди.

2

Првиот прототип бил изработен во 2015 година, а системот од втора генерација има мисија да ги заштити граѓаните со напредни технологии за просторно филтрирање и санирање. Подобрувањето на квалитетот на воздухот ќе има директно влијание врз здравјето на жителите, а истовремено ќе ги поттикне луѓето да користат јавен превоз токму поради чистиот воздух.

КАПС 2.0 во суштина е прочистувач кој има форма на автобуска постојка за да може да привлече големи количини загаден воздух. Создава воздушна завеса од долната страна на „крошната“, која ги штити луѓето, додека истовремено генерира воздушни струи во тој простор за прочистување на воздухот. Загадениот воздух е прочистен благодарение на технологијата за двојна заштита и мулти-ХЕПА филтрите кои заедно работат на отстранување на штетните суспендирани честички и ги елиминираат коронавирусите.

3

КАПС 2.0 е паметно градско решение кое естетски одговара на урбаната архитектура. Ги вклучува сите технолошки иновации во модерниот и елегантниот дизајн.



Извор: Yankodesign.com
Фото: Charis NG
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот