X
 07.07.2021 Здравје

Ниту еден заразен со делта-сојот на ковид-19 не е вакциниран, велат од Министерството за здравство

Ниту еден од ковид-позитивните пациенти кај кои е изолиран делта-сојот на SarsCov2 не е вакциниран против ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

- По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти кај кои е утврдено присуство на делта-сојот, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент кој 8-9 дена откако појавил симптоми на ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на членовите на семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и можно е да се утврди и кај нив присуство на индискиот сој на коронавирусот - велат од Министерството за здравство.
Министерството апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од ковид-19.

- Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од ковид-19 - дополнуваат оттаму.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје