X
 27.07.2021 Здравје

Истражување покажува зошто делта-сојот се шири побрзо

Луѓето заразени со делта-сојот на коронавирусот можеби носат 1.000 пати повеќе честички од вирусот отколку лицата заразени со пораните соеви. Освен тоа, тестовите порано го детектираат овој сој од вирусот, па лицата што се заразени може да добијат позитивен тест два дена порано во споредба со заразените од раните соеви, покажува ново истражување.

Истражувањето не било рецензирано и анализирало мал број случаи во Кина.

Делта-сојот сега е присутен во над 100 држави и се смета дека се пренесува 60 отсто побрзо од претходните доминантни соеви. Освен тоа, овој сој почесто предизвикува симптоми од раните соеви.


Фото: Pixabay

Во новото истражување експертите направиле анализа на заразените со сојот и лицата со кои имале контакт. Биле детектирани дури 167 случаи на заразени лица кои се поврзани со еден случај во мај.

Според резултатите од истражувањето, просечното време за кое лице заразено со коронавирусот добива позитивен тест е 5,61 дена. Кај делта-сојот, овој период се намалува на 3,71 дена.

Истражувачите откриле и дека честичките на вирусот кај лицата заразени со делта-сојот се 1.260 пати помногубројни отколку честичките на првиот сој од коронавирусот.

Извор: Live Science 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје