X
 07.07.2025 Здравје

Пандемијата на ковид-19 имала поголемо влијание врз здравјето на жените отколку на мажите

Според истражувањето на Универзитетот „Абердин“, пандемијата на ковид-19 повеќе влијаела врз менталното и физичкото здравје на жените отколку на мажите.

Целта на студијата била да разбере дали пандемијата имала различни ефекти врз здравствените навики на жените и мажите.

Истражувачкиот тим, предводен од професорот Пол Мекнами од Универзитетот „Абердин“ и соработници од Медицинскиот факултет „Дјук-НУС“ во Сингапур и Универзитетот во Торино, ги анализирал националните податоци на „Разбирајќи го општеството/Understanding Society“ од јануари 2015 до март 2023 година, за да ги спореди резултатите пред и по пандемијата.

Истражувачите испитале низа здравствени навики, вклучувајќи консумирање овошје и зеленчук, употреба на алкохол и физичка активност, како дел од студијата, како и споредување на мерките за ментално здравје. Тие откриле дека во двата случаи, жените биле понегативно погодени од пандемијата отколку нивните машки колеги.

Студијата покажала дека жените пријавиле помалку денови на консумирање овошје и помало намалување на внесот на алкохол за време на пандемијата.

Психолошкиот стрес се зголемил и кај жените и кај мажите за време на пандемијата, при што жените доживеале поголем пораст. И врската помеѓу здравствените навики и менталното здравје ослабела кај жените за време на пандемијата, при што здравиот начин на живот повеќе не покажувал значајна врска со менталното здравје.


Спротивно на тоа, овие врски останале конзистентни кај мажите. Пред пандемијата, здравствените навики нуделе поголеми заштитни придобивки за менталното здравје на жените, но за време на пандемијата, овој заштитен ефект станал посилен кај мажите.

- Откривме дека жените пријавиле послаби целокупни промени во здравствените навики отколку мажите за време на пандемијата. Поточно, жените пријавиле помалку денови кога консумирале овошје и помало намалување на внесот на алкохол. Исто така, откривме дека психолошкиот стрес се зголемил и кај жените и кај мажите за време на пандемијата, при што жените доживеале поголем пораст – потврдил професорот Пол Мекнејми.

-Негативните промени во здравствените навики на жените во споредба со мажите продолжуваат до мај 2023 година, што укажува дека долгорочните ефекти веројатно се влошени од финансиските притисоци во текот на овој период. Важно е да продолжиме да ги следиме овие трендови - истакнала д-р Карен Арулсами од Медицинскиот факултет „Дјук-НУС“.

- Нашата студија, исто така, покажува дека пандемијата значително го ослабна заштитниот ефект на здравствените навики врз менталното здравје кај жените, но не и кај мажите. За жените, усвојувањето здрав начин на живот беше силно поврзано со менталното здравје пред пандемијата, но оваа врска повеќе не беше значајна за време на пандемијата - потенцирала д-р Силвија Мендолија од Универзитетот во Торино.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје