X
 07.10.2019 Економија

15 професии што ќе бидат барани кога ќе дојде следната криза

Новата економска криза е тука, најавуваат многу економски аналитичари, а тоа е закана за работниците низ целиот свет.

За време на големата рецесија само во САД околу 2,6 милиона луѓе добија отказ, што е реална последица на значителното опаѓање на економската активност.

Економистката Џулија Полак анализирала кои работни места се сигурни во случај на следна голема рецесија, а постои и тенденција побарувачката за работници во тие сектори да се зголеми. Имено, додека кризата најмногу ги погаѓа финансискиот и банкарскиот сектор, како и автомобилската и градежната индустрија, некои дејности не бележат помал опсег на работа, туку имаат потреба за нови вработувања.

Според статистичките податоци, ова се работите што во текот на следната можна економска криза ќе доживеат пораст на бројот на вработени:

- Физиотерапевти и специјалисти за масажа - раст од 30,8%.

- Медицински техничари - раст од 21,2%.

- Психијатри и психолози - раст од 15%.

- Чиновници во суд - раст од 13%.

- Логистичари - раст од 16%.

- Фармацевти - раст од 5,9%.

- Полицајци - раст од 3%.

- Спортски тренери - раст од 11,4%.

-Болничари во итна служба - раст од 10,2%.

- Готвачи - раст од 2,5%.

- Негуватели - раст од 6%.

- Менаџмент-аналитичари - раст од 7,3%.

- Персонал што се грижи за постари лица - раст од 15,2%.

- Медицински сестри - раст од 7,6%.

Несигурноста што ја носи кризата е плодна почва и за разни прогнози и пророштва, што значи дека ќе има работа и за оние луѓе што велат дека можат да ја предвидат иднината.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија