X
 07.10.2020 Живот

Оваа земја доби министерство за среќа - целта е секој ден да ги усреќува луѓето по малку

Рускиот полуостров Камчатка доби „министерство за среќа“ во рамките на реформите на локалните власти.

- Во тек се реформите на властите на територијата на Камчатка, па одлучивме да формираме министерство за среќа - изјави гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, и објаснува дека целта е стотици илјади луѓе секојдневно по малку да се усреќат.

- Официјалното име на овој нов ресор е министерство за социјална заштита и семејна политика, но накратко станува збор за среќа - прецизираше гувернерот. Тој истакна дека иако во името не се споменати загрозените категории граѓани, ова министерство ќе се грижи за луѓето што се во тешка ситуација и ќе работи на тоа тие да бидат просперитетни и среќни.

Овој 38-годишен градски советник победи на изборите за гувернер во септември, на кои се кандидирал како независен кандидат, но ја имал поддршката од владејачката партија, Единствена Русија.

Камчатка е еден од најоддалечените и најтешки за пристап руски региони, на крајниот исток на земјата, со околу 313.000 жители, но нивниот број секоја година се намалува.

Регионот бил затворен до распаѓањето на Советскиот Сојуз поради многубројни воени објекти, но сега е отворен за туристи.

Обединетите Арапски Емирати и Бутан веќе имаат министерство за среќа.

Извор: Bizlife
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот