X
 07.11.2025 Живот

Базен како натстрешница во необичен хотел во Виетнам

Во виетнамскиот град Да Нанг, меѓу низата стаклени хотели покрај брегот, се издвојува „Саха каса бутик“ – петкатен објект со жолта фасада, органски форми и материјали кои внесуваат разиграност во строгата урбана матрица.

На самиот врв од зградата има базен кој лебди над улицата и веднаш им го привлекува вниманието на минувачите. Неговиот преден стаклен ѕид изработен од специјални акрилни панели отвора широк поглед кон брегот и создава впечаток на бестежинско пливање помеѓу небото и морето.


Создавање мултисензорно искуство

Архитектонскиот тим на „Хо Куе архитектс“ го дизајнирал хотелот од 321 квадратен метар на таков начин што просторно и материјално го поврзува ентериерот со природната средина. Каменот, водата и зеленилото играат важна улога во создавањето средина што алудира на релаксација, без прекумерна декорација.

 

Наизменичниот ритам на отворените и затворените простори овозможува природно осветлување и вентилација, додека премините со сводови ги поврзуваат внатрешните и надворешните простори. Смарагдни теписи и вертикални градини се протегаат помеѓу подовите, создавајќи чувство на близина до природата, поканувајќи ги гостите да ја истражуваат околината додека се движат низ имотот.


 

Целта била да се создаде зграда што разбудува чувство за архитектонска уметност, а воедно останува удобен простор за гостите да се одморат и релаксираат, истакнуваат креаторите.

Извор: gradnja.rs

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот