Во светот на модерните врски, каде што трендовите се менуваат речиси секој месец, се појави нов феномен кој е особено популарен и чест кога надвор ќе застуди.
Станува збор за „сноуменинг“ - појава кога луѓето влегуваат во врски во текот на зимата, водени од празничниот дух и потребата за топлина и блискост, само за таа иста врска да се „стопи“ веднаш штом ќе пристигнат првите пролетни денови. Со други зборови, станува збор за сезонска романса што трае онолку колку и зимата, додека не се стопи снегот и не згаснат празничните светилки.
Како започнува „сноуменингот“?
Според Рејчел Лојд, експерт за врски, „сноуменингот“ често се случува без лоша намера.
- Божиќ е време на прослава и одлична можност да запознаете некој посебен. Но кога ќе престане консумирањето на виното, со симнувањето на украсите често исчезнува и хемијата - објаснува таа и додава дека многу луѓе дури тогаш сфаќаат дека личноста со која ги споделувале празничните моменти не им е толку привлечна, што доведува до спонтано оддалечување.
Зошто „сноуменингот“ станува сè почест?
Експертите наведуваат неколку причини поради кои овој тренд станува сè поочигледен:
Досада и осаменост - зимата носи пократки денови, студ и изолација. Луѓето поретко излегуваат, често се уморни и жедни за друштво, па врската изгледа како идеално решение.
Сезонска депресија - иако празниците изгледаат топло и романтично, по Нова година често настапува празнина и тага. Многумина влегуваат во врска за полесно да го пребродат зимскиот период, но со првите знаци на пролетта, сето тоа исчезнува.
Празнична атмосфера - многумина сакаат да имаат некој покрај себе за празниците или за да избегнат прашања од семејството или за да имаат партнер со кого ќе ги прослават празниците.
Алкохол и еуфорија - зимата е време на греено вино и веселби, но и моменти кога алкохолот ја замаглува процената и прави да ги помешаме страста и емоциите.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото: Freepik