Шведската агенција за хемикалии открила високи нивоа на забранетата супстанција ДЕХП во лажни кукли Лабубу со меко полнење.
ДЕХП е токсична за репродукцијата и е забранета во играчките во Шведска од 90-тите години, но сè уште се користи во некои делови од светот за омекнување на пластиката.
Нивото на супстанцијата во куклите тестирани оваа година наводно било до 250 пати поголемо од законската граница. Фрида Рамстрем од Шведската агенција за хемикалии изјавила дека е неверојатно што играчките наменети за деца содржат супстанции кои се забранети повеќе од 20 години.
Големата побарувачка за кукли Лабубу доведе до прилив на евтини фалсификати надвор од ЕУ, а шведската царина го запре влезот на повеќе од 5.300 вакви кукли оваа година.
ДЕХП претставува посебен ризик за малите деца кои често ставаат играчки в уста, додека некои кукли не поминале ниту основни тестови за безбедност - лесно се кршат, а деловите можат да претставуваат опасност од задушување.
Шведските власти, вклучувајќи ги агенцијата за хемикалии, царината и агенцијата за заштита на потрошувачите, работат заедно за да ја спречат дистрибуцијата на опасни фалсификувани играчки. Во пресрет на Црниот петок и божиќното пазарување, властите ги предупредуваат родителите да не купуваат фалсификувани играчки за своите деца бидејќи тие може да содржат опасни супстанции и други дефекти што ги прават небезбедни.
Извор: 6yka.com
Фото: Instagram screenshot