X
 07.12.2018 Живот

Стогодишна забрана укината благодарение на едно дете

Деветгодишно дете од градот Севернас, кој се наоѓа во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет и укина речиси стогодишна забрана за мавање со снежни топки.

Дејн Бест објасни дека им се обратил на градските власти за да ги убеди да се вразумат и да го сменат законот, јавија локалните медиуми.

- Денешните деца мора да имаат добра причина за да излезат и да играат надвор. Истражувањата покажуваат дека недостигот на игри на отворено доведува до дебелина, АДХД (синдром на недостиг на внимание и хиперактивност), анксиозност и депресија - истакна деветгодишникот на состанокот на градскиот совет објаснувајќи дека сака да фрла снежни топки без да го прекрши законот.

Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили која, за жал, се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.

- Децата на Северанс само сакаат да имаат право да се маваат со снежни топки како и сите други деца во светот - рече Дејн.

Неговите аргументи беа убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната. По гласањето градоначалникот му понудил на Дејн да ја фрли првата снежна топка – според закон.

Детето рече дека неговата цел ќе биде неговиот помал брат и оти ќе внимава да не скрши некој прозорец.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот