X
 16.12.2021 Култура

„Малограѓанска свадба“ премиерно во театарот во Тетово

Претставата „Малограѓанска свадба“, по текст на Бертолт Брехт, а во режија на Теа Беговски, вечерва во 19 часот премиерно ќе се одигра на сцената на театарот во Тетово. Во претставата играат Арсим Калеци, Ирена Мирческа, Миа Кантарџиева Петровска, Ѓорѓи Нешкоски, Елмир Сејфулаи, Гордана Ендровска, Арѓенд Хасани, Беким Смаили. Музиката е на Енес Беговски, а костимите на Андреј Ѓеоргиевски.

- Првично ме привлече самиот автор, бидејќи се пронаоѓам во неговите ставови за тоа како треба да се прави театар. „Малограѓанска свадба“ е еден од првите текстови на Брехт, едночинка, која ја обработува малограѓанштината како општествена појава. Она што мене ме интересираше во овој текст и ми беше привлечно за работа и истражување е до каде може да оди малограѓанското однесување денес и како ние пред таа малограѓанштина молчиме. Уште пострашно - молчејќи ја прифаќаме – изјави режисерката Беговска.

Освен вечерашната премиера, закажана е и прва реприза на претставата за утревечер во 19 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура