X
 08.01.2020 Живот

Илон Маск лансира уште 60 сателити

„Спејс Екс“ лансира нови 60 сателити во Земјината орбита, со што нивниот вкупен број сега изнесува 182, а сите се дел од мрежата за глобална покриеност со интернет „Старлинк“.

Приемниците беа поставени околу Земјата со помош на ракетата „Фалкон 9“, која беше истрелана од космодромот „Кејп Канаверал“ на Флорида. Со новите вселенски апарати компанијата на Илон Маск е рекодер по бројот на комерцијални сателити во орбитата.

Калифорниската компанија „Планет лабс“ во таа смисла е на второ место со помалку од 150 сателити што се користат за снимање на Земјата.

„Спејс Екс“ има дозвола да лансира 12.000 сателити. До крајот на месецов предвидено е поставување на уште две ракети со по 60 сателити.

Астрономите се жалат дека големиот број сателити го попречуваат погледот на ноќното небо. Од компанијата сметаат дека забелешките се претерани. Според нив, кога ќе се позиционираат, сателитите обично се тешко видливи. Најновите сателити имаат и посебни додатоци за намалување на рефлексијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот