X
 08.02.2025 Живот

Танчарка бестрашно танцува на работ на брод, на неколку сантиметри од ледените води на Антарктикот

Антарктикот е едно од најсуровите и најнегостопримливи места на планетата, но тоа не ја спречи француската танчарка и кореографка Викторија Добервил да го избере ова замрзнато крајбрежје како сцена за нејзиниот најнов перформанс. Во соработка со танчарот, фотограф и режисер Матије Форже, таа создаде спектакуларен момент на самиот раб на еден крстосувач.

Во неверојатните снимки, Добервил е облечена во бела сукња и балетанки, додека грациозно танцува под клунот на бродот, опкружена со мраз. Со совршено испружени стапала и раце кои се шират како крилја, нејзините движења се толку прецизни и елегантни што лесно се заборава колку е опасна нејзината „сцена“.

 
Глетката изгледа толку нереално, што многумина на интернет беа убедени дека снимката е генерирана со вештачка интелигенција. Сепак, Добервил брзо ги разби тие сомнежи објавувајќи видео од снимањето во кое се гледа како таа и нејзиниот тим пристигнуваат до бродот со мал чамец.

И покрај ризикот, Добервил и Форже биле решени да го доловат совршениот кадар, па пред финалниот настап направиле проба на друго место – на островот Јужна Џорџија во Атлантскиот Океан. На крајот, сè излегло како што замислиле, а моментот остана забележан на камера.

@victoriadauberville White Heaven ❄️ #heaven #antartica #boat #ice #view #ballet ♬ Cornfield Chase - Hans Zimmer
Суровите, екстремни услови на Антарктикот создаваат моќна заднина за балетски перформанс, одразувајќи го и самиот предизвик на оваа уметност.

@victoriadauberville

Floating 🧊

♬ Kübla - Wyl & Wun Two
- Постои чувство на восхит, но и почит. Овој перформанс ја покажува кревкоста на танцот, но истовремено и неговата бруталност и суровост - вели Форже.


Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот