X
 08.03.2017 Живот

Паметни психолошки трикови кои вреди да ги знаете

Човечкиот ум е многу комплициран. Сепак, сложените процеси се иницирани од едноставни акции. Ако користите на правилен начин одредени трикови, може да станете господар на Вашиот ум, кој работи по шаблон.

Прочитајте 9 од нив кои вреди да ги знаете:

1. Ако прашате некого прашање и сте добиле половина од одговорот, одржете контакт со очите и молчете за да го добиете останатиот дел. Луѓето се дообјаснуваат кога ќе сфатат дека тоа Вам не Ви е доволно.

2. Стресот и анксиозноста најдобро се намалуваат со гума за џвакање. Мозокот мисли дека јадете и не постои опасност, па ќе се опушти.

3. Во група во која секој се смее, погледнете кој во кого гледа. Кога се смеат, луѓето обично гледаат во личноста што ја чувствуваат како најблиска.

4. Одбегнете ги фразите како „јас мислам“ или „јас верувам“, за да изгледате посамоуверени.

5. Луѓето се однесуваат како што се чувствуваат. Добрата работа е што ова важи и обратно. Така, ако сакате да сте среќни, смејте се.

6. Кога одите на интервју за работа сетете се дека и тој што Ве интервјуира е човек. Замислете дека со него сте стари пријатели, покажете почит и бидете релаксирани – резултатите би требало да бидат позитивни.

7. Ако им покажете на луѓето колку сте среќни што ги гледате, следниот пат и тие ќе бидат посреќни што Ве гледаат Вас.

8. Ако сте на состанок и очекувате некој да Ве прекори, седнете до нив. Луѓето се чувствуваат неудобно да нападнат некого ако тој е многу близу до нив.

9. Кога сте на прв состанок одете на некое забавно и возбудливо место. Личноста ќе го поврзи со Вас она што го искусила на првиот состанок.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот