X
 08.03.2022 Живот

Гаража слична на музеј за 8.000 велосипеди во Холандија

Холандското дизајнерско студио „Сило“ ја заврши една од најголемите светски гаражи за паркирање велосипеди, со речиси 8.000 подземни паркинг-места во близина на фреквентна железничка станица.

„Сило“ работеше со „Студио Марсман“ за да ја создаде јавната гаража пред централната станица во Хаг, Холандија.

- Што кога функционалниот подземен простор наместо да е место што би сакале да го избегнете, стане атракција што не смее да се пропушти - вели креативниот директор на „Сило“, Рене Тонеман.

1

2

Препознавајќи дека велосипедизмот доби ново значење во последниве години, поради растечката загриженост за климатските промени и пандемијата, „Сило“ се надева дека гаражата ќе им обезбеди удобна и безбедна средина за паркирање на велосипедистите.

Велосипедистите можат да минуваат низ гаражата по внатрешната велосипедска лента што се протега по должина на просторот. Местата за паркирање велосипеди се поставени во редови во средината на гаражата.

3

4

Еднокатниот паркинг е дизајниран да изгледа и да овозможува чувство како да се наоѓате во музеј, со силно осветлување и  знаци што одговараат.

- Ниските тавани, недостигот на дневна светлина, повторливиот распоред го прават подземниот паркинг доста непријатен - објаснуван Тонеман.

- Паркинг-гаражата во Хаг е дизајнирана целосно да ја трансформира оваа суштинска услуга преку создавање неочекувано просторно искуство -додава тој.

5

7

Гаражата има и долг графички мурал со геометриски форми и обрасци во сива нијанса. Според дизајнерите, оваа илустрација ги рефлектира силните светла во гаражата, правејќи ја просторијата да изгледа поголема.

8

Извор: Dezeen.com
Фото: Mike Bink
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот