X
 15.10.2015 Култура

Градот дизајниран само за велосипеди

Колку повеќе велосипедски патеки се појавуваат низ градовите, толку повеќе луѓето возат велосипеди. Во текот на изминатава деценија, само во Америка возењето на велосипеди се зголеми за 62%. Меѓутоа се`уште претставува сосема мал дел од целокупниот транспорт.

 

1


За луѓето навистина да излезат од автомобилите, група на австралијански дизајнери мислат дека треба да се започне со целосно редизајнирање на градовите - вклучувајќи го и начинот на кој правиме згради.

„Градот на иднината не треба да има инфраструктура за велосипедизам. Треба да биде инфраструктура за велосипедизам“, вели Стивен Флеминг, професор по урабнистички дизајн и директор на организацијата на „Cycle Space“.

 

1

2


Во Сиднеј, дизајнерите погледнаа како градот може да биде повторно изграден со нова мрежа на ленти вклучувајќи и велосипедски пријателски станбени згради во центарот, со рампи кои водат директно до секој кат. Велосипедистите можат да земат лифт до нивниот спрат и да ја спуштат рампата во нивниот стан.

Дизајнерите велат дека иако еден град може да има одлични велосипедски патеки, но ако некој нема каде да го чува велосипедот, тогаш нема да сака да вози. Градовите кои се приспособени за велосипеди како Копенхаген, се`уште се борат кога велосипедистите ќе пристигнат дома или на дестинацијата.

 

4

4


Со правилен дизајн, архитектурата ќе нуди простор за велосипедите на луѓето. На тој начин велосипедските патеки ќе бидат редизајнирани, кои ќе ги штитат велосипедистите од дожд, снег или сонце за да можат да возат во секакви временски услови.

Во група на скици, дизајнерите откриваат како би можела да изгледа „Velotopia“. На улиците секој би користел велосипед, од полиција до таксисти. Потешките електричните велосипеди ќе доставуваат испораки. Зградите ќе имаат пешачки мостови. Сите згради ќе имаат вградени велосипедски патеки. 

 

5

6

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура