X
 08.04.2022

Танц фест - Скопје бележи полнолетство

Танц фест - Скопје 2022 под мотото „Танцувајќи на работ“, утре во 20 часот, ќе го означи стартот на 18. издание на оваа манифестација, кое ќе трае до 20 април. Фестивалот ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, а публиката ќе има можност да ги види претставите на Бобан Русески „Општествена критика“, на Русески и Јована Зајкова под нaслов „Самовили и Демони“, „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, „09190“ на Дејан Битровски, а свое кореографско деби на фестивалот ќе има и Филип Петковски со претставата „Популус“.

Воедно, публиката ќе може да ги проследи претставите на гостите кореографи: „Пат до месецот“ на Раде Обрадовиќ од Србија, „Само среќа“ на Томео Вержес од Франција, како и „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчик, копродукција на Словенија и Латвија. Ќе биде претставен и Косовскиот балет со претставата „Егзодус“ на кореографот Ено Печи, како и продукцијата на Скопје танцовиот театар - „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин. 

За затворање на фестивалот, на 20 април во 20 часот, во Македонскиот народен театар, скопската публика ќе има една ексклузивна и ретка можност да ја види претставата на легендарната Марта Греам. Греам е прогласена за икона нa танцот на 20 век и ова е исклучителна можност публиката да ја види во рамките на Танц фест - Скопје 2022.  

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk