X
 09.12.2021 Култура

Најстарата танцова компанија во Холандија гостува на Танц-фест Скопје

Современата танцова компанија „Скапино балет Ротердам“ со две кореографии на Ед Вубе, „Резонанца“ и „Везул“, вечерва од 20 часот, гостува на сцената на Македонскиот народен театар во рамките на Танц-фест Скопје 2021. Воедно ќе биде прикажан и танцовиот филм „Јантра“ на кореографот Шајлеш Бахоран. За крај на вечерта Танц-фест Скопје ќе ја изведе претставата „Меѓусвет (Убавите жени)“ во кореографија на Рисима Рисимкин. 

„Скапино балет Ротердам“ е една од најзначајните современи танцови компании на холандската и светската танцова сцена, која прославува 75 години од своето основање. Тоа е најстарата танцова компанија во Холандија, која низ годините донесе смел, експериментален и современ сценски израз и стана креатор на вкусот на холандскиот танц. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура