Ново истражување покажува дека европските земји опфаќаат повеќе од половина од државите кои на глобално ниво се доживуваат како најпристојни, но нивната самопроцена за пристојноста понекогаш е во спротивност со меѓународната.
Обединетото Кралство се смета за најпристојна земја во Европа, според новото истражување. Повеќе од половина од земјите во светот меѓу 25. најдобри, кои се доживуваат како најпристојни и најгостопримливи кон странците, се наоѓаат во Европа.
Во анкетата, спроведена од американската компанија „Ремитли“, од речиси 5.000 луѓе од 26 земји беше побарано да ги идентификуваат нациите за кои сметаат дека имаат најдобри манири, а исто така и да проценат колку се самите пристојни. Целта беше да се споредат глобалните перцепции за пристојноста со перцепциите што нациите ги имаат за сопствената пристојност, пишува „Евроњуз“,
За да се оценат себеси, на учесниците им биле поставени прашања за сопственото однесување, на пример, дали се однесуваат со почит кон странците, а добија оцена врз основа на степенот до кој се согласиле со тврдењето.
Спротивставени мислења
Можеби не изненадува тоа што глобалните и самопроцените честопати беа во спротивност. Испитаниците го ставија Обединетото Кралство на третото место на листата со најпристојни земји во светот, зад Канада на второто место и Јапонија на првото.
Резултатите од анкетата го припишуваат овој ранг на честата употреба на зборовите „ве молам“ и „благодарам“ во секојдневниот разговор, хуморот и културата на чекање во ред.
Иронично, испитаниците од Обединетото Кралство се рангираа во долната половина на земјите според прашањето за сопствената пристојност. Можеби биле премногу пристојни за да се стават пред другите.
Германија, која другите ја сметаат за петта најпристојна земја поради приватноста, точноста и внимателноста кон другите, се рангира како 21. најпристојна во својата самоперцепција.
Јапонија и Франција - големи разлики
Иронично, испитаниците од Франција се рангираа како петта најпристојна земја според сопственото мислење, додека глобалната перцепција ги става на 19. место на светската листа. А Јапонија, глобалниот фаворит во анкетата, се оцени себеси како 25. по пристојност - претпоследна меѓу сите испитани земји.
Во истражувањето се наведува дека кога станува збор за самоперцепцијата за пристојноста, помалку од еден бод ги одвојувал земјите со највисоки и оние со најниски оцени, што покажува дека повеќето луѓе често се оценуваат себеси како пристојни.
Најучтиви земји во светот (според гласовите на учесниците)
1.Јапонија
2. Канада
3. Обединето Кралство
4. Кина
5. Германија
6. Филипини
7. Шведска
8. Данска
9. Финска
10. Јужноафриканска Република
11. Австралија/Швајцарија
13. САД
14. Индија
15. Ирска
16. Нов Зеланд
17. Норвешка
18. Холандија
19. Тајланд/Франција
21. Бразил
22. Шпанија
23. Белгија
24. Италија
25. Австрија
Кои земји веруваат дека се најљубезни?
1.Бразил
2.Чиле
3.Индија
4.Шведска
5.Франција
6.Мексико
7.Шпанија
8.Јужноафриканска Република
9.САД
10.Португалија
11.Италија
12.Австрија
13.Грција
14.Канада
15.Ирска
16.Белгија
17.Австралија
18.Обединето Кралство
19.Нов Зеланд
20.Холандија
21.Германија
22.Филипини
23.Чешка
24.Унгарија
25.Јапонија
26.Полска
Извор:
n1info.hr
Фото: Pixabay