X
 19.04.2016 Образование

Најдобри земји за воспитување деца

УНИЦЕФ ги објави резултатите од истражувањето „Fairness for children“, односно „Праведност за децата“, кое нуди табела на нееднаквост кон децата во развиените земји. Македонија не се наоѓа на листата.


Низ повеќе графици се прикажани податоци за сите земји вклучени во истражувањето, а кои се однесуваат на квалитетот на животот на децата. Притоа се земени предвид приходите, образованието, здравјето и задоволството со животот.

На прво место на листата со земји кои имаат најдобри услови за воспитување и одгледување деца се наоѓа Данска, а следуваат Финска, Норвешка и Швајцарија. Словенија е на највисоко место од регионот - на 9то место, додека Хрватска се наоѓа на 12то место.

На последните две места се Турција и Израел кои се оценети со најниски оцени, а кон дното на табелата се наоѓаат и некои од најбогатите земји - Канада, Франција и Италија.

Вака изгледа конечната листа:

1. Данска
2. Финска
3. Норвешка
4. Швајцарија
5. Австрија
6. Холандија
7. Ирска
8. Естонија
9. Словенија
10. Латвија
11. Чешка
12. Хрватска
13. Австралија
14. Германија
15. Грција
16. Унгарија
17. Обединето кралство
18. САД
19. Португалија
20. Исланд
21. Романија
22. Шпанија
23. Шведска
24. Малта
25. Литванија
26. Канада
27. Полска
28. Франција
29. Белгија
30. Луксембург
31. Словачка
32. Италија
33. Бугарија
34. Турција
35. Израел

Целосните резултати погледнете ги ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование